Хрватска ја победи Нигерија со 2:0 и излезе на чело во групата „Д“ на Мундијалот 2018. Тимот на Златко Далиќ целосно доминираше на натпреварот, не им даде никаква шанса на Африканците и речиси без проблеми забележа победа.
Хрватите одиграа многу паметно и тактички правилно и со минимален напор ги освоија трите бода..
Головите за „коцкастите“ ги постигнаа Лука Модриќ во 71-та минута од пенал, а автогол си даде Етебо (33-та мин.).
Африканците покажаа малку и дефинитивно разочараа. Така Нигерија се најде на последно место во групата без освоен бод зад Аргентина и Исланд, кои имаат по еден поен откако ремизираа вчера.
Лидер е Хрватска со три поени.