Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ќе добие нов договор и ќе стане најплатен во клубот, пренесува „Марка“.
Аргентинецот има договор до 2020 година, потпишан минатата година во септември, но сега се согласил на нов со кој ќе го надмине најплатениот играч Антоан Гризман, кој заработува околу 20 милиони годишно.
Симеоне е седум години во Атлетико. Со него на тренерското место, клубот стана еден од најдобрите во Европа. Го освои шампионатот на Шпанија, Кралскиот клуб, Супер купот на Шпанија, два пати Супер купот на Европа, два пати Лига Европа, а има и две финалиња на Лигата на Шампионите.
Можноста за чекор понатаму во ЛШ, Атлетико може да ја искористи оваа сезона, бидејќи финалето се игра на неговиот стадион „Ванда Метрополитано“.