Постои забавување на животот. И фудбалот треба да се справи со тоа на примерен и на дисциплиниран начин. Кога ќе дојде време, се разбира, во тесна координација со политиката, фудбалот може да се надева дека ќе ни помогне полека и внимателно да се вратиме во нормала, вели Румениге

ФУДБАЛ – КАРЛ ХАЈНЦ РУМЕНИГЕ, ДИРЕКТОР НА БАЕРН

Карл-Хајнц Румениге, главен извршен директор на германскиот фудбалски шампион Баерн, очекува кризата со коронавирусот да влијае на трансфер-пазарот.
– Секоја криза дава и можност. Трансферите и платите за играчите веќе подолго време се развиваат со несоодветен размер. Коронавирусот и глобалната криза што резултира со неа, ќе доведат тоа „поскапо, побрзо, повеќе“ барем да запре. Побарувачката и понудата ќе го регулираат и ќе го ребалансираат пазарот на трансфери – вели Румениге, во интервју за германскиот магазин „51“, пренесоа германски медиуми.

Румениге се осврна и на внимателното справување со тековната состојба.
– Постои забавување на животот. И фудбалот треба да се справи со тоа на примерен и на дисциплиниран начин. Секако, секој што го сака нашиот спорт сака да се врати на теренот што е можно поскоро. Кога ќе дојде време, се разбира, во тесна координација со политиката, фудбалот може да се надева дека ќе ни помогне полека и внимателно да се вратиме во нормала – рече тој.

Директорот на Баерн ја посочи тешката економска состојба во фудбалот.
– Во моментов, приходот на сите клубови практично се спушти на нула. Тоа влијае и на Баерн. Ние сме само многу среќни што успеавме да создадеме некои резерви во претходниве години. И токму тој факт ни овозможува да бидеме солидарни во оваа голема криза. Силните раменици мора да ги поддржуваат послабите раменици – вели Румениге.