Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез верува дека никој не го поставува прашањето дали Лука Модриќ е најдобриот фудбалер за 2018 година.
Хрватот ја прекина десетгодишната доминација на Кристијано Роналдо и Лионел Меси за „Златната топка“. Модриќ, исто така, ги освои и наградите на УЕФА и ФИФА.
– Модриќ имаше феноменална година, а неговите награди го докажуваат тоа. Никој не треба да се прашува дали е најдобар. Задоволство е да се гледа како игра. Начинот на кој ја контролира топката, асистира, шутира … Вистински подарок е да имаш во тимот, тој е личност која обединува и не создава конфликти. Тоа ги обединува луѓето. Остави огромна трага во неговата ера, освојувајќи сè со Реал Мадрид, изјави шефот на тринаесеткратниот европски шампион.