Чилеанецот Мануел Пелегрини(64) би требало оваа недела да го преземе лондонски Вест Хем, објавија денеска британските медиуми.
Пелегрини на тренерската позиција на „чеканите“ ќе го наследи Дејвид Мојс, кој го водеше Вест Хем седум месеци. Чилеанецот би требало со клубот да потпише тригодишен договор.
Во богатата тренерска кариера Пелегрини, меѓу другите, ги предводеше и Виљареал, Реал Мадрид, Малага и Манчестер сити, а последните две години беше на кормилото на кинескиот клуб Хебеи Фортун.