Манчестер сити забележа убедлива победа над украинскиот Шахтар (6-0) и на две кола до крајот на натпреварите по групи практично обезбеди пласман во осминафиналето на фудбалската Лига на шампионите (ЛШ). Цел на критики се судијата, Унгарецот Виктор Касаи и напаѓачот на Сити, Рахим Стерлинг.
Во 24-та минута Стерлинг се проби во 16-те метри и при обидот да бие на голот, наместо топката, ја шутна тревата и падна. Касаи, на општо изненадување покажа на белата точка. По оваа комична ситуација при водство на Сити со 1-0 којзнае по кој пат се разгореа дебатите околу (не)воведувањето на системот видеоасистент-судијата (ВАР) во ЛШ. Во најава е дека ВАР ќе има од следната сезона.