ФУДБАЛ

Шанси за високи натпреварувачки резултати сезонава, три трофеја во една сезона (првенство, домашен куп и Лига на шампионите) имаат Баерн, Јувентус, ПСЖ, Наполи и Манчестер сити

Баерн го победи Ајнтрахт во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Германија, по што германскиот гигант заедно со уште четири тима остана во трка за високи натпреварувачки резултати сезонава, три трофеја во една сезона, првенство, домашен куп и Лига на шампионите (ЛШ), пишува шпанскиот спортски дневен весник „Марка“.
Баерн е финалист на Купот, води во Бундес-лигата и по првиот меч на гости во осминафиналето на ЛШ води со 3-0 во дуелот со Челси.

Од другите, ПСЖ е во четврт-финалето на ЛШ, доделена му е титулата во Франција, откако сезоната беше прекината поради коронавирусот, но уште нема одлука дали ќе се одигра финалето во Купот на Франција, каде што ПСЖ треба да се сретне со Сент Етјен. Јувентус води во Италија, игра во полуфиналето на Купот на Италија, а треба да одигра и реванш од осминафиналето на ЛШ, дома (загуби со 0-1 на гости од францускиот Лион). Наполи е шести во Италија, полуфиналист е во Купот и треба да игра реванш од осминафиналето на ЛШ со Барселона на гости (прв меч 1-1). Манчестер сити има теоретски шанси да ја освои Премиер-лигата сезонава, треба да игра во четврт-финалето на ФА-купот и во реваншот од осминафиналето на ЛШ дома со Реал Мадрид (прв меч 2-1 за Манчестер сити).

Шпанските великани Барселона и Реал Мадрид, на пример, не се во конкуренција, откако беа елиминирани од шпанскиот куп, а европскиот првак Ливерпул, пак, е елиминиран од англискиот ФА-куп и од ЛШ.