Од вкупно 101 гол за Португалија, Роналдо од игра постигна 80, а за нив имал 28 асистенти, меѓу кои се и Нани, Бернардо Силва, Деко, Жоао Марио, Луис Фиго…

ФУДБАЛ

Од 101 гол за фудбалската селекција на Португалија, Кристијано Роналдо од игра постигна 80, а за нив имал вкупно 28 соиграчи што му асистирале за головите (Роналдо од прекини погодил 21 пат, и тоа 11 од пенал и 10 од директен слободен удар).
Од асистентите најголема помош добил од Жоао Мутињо и од Рикардо Кварезма, кои имаа по осум асистенции за головите на капитенот на репрезентацијата. Од другите се издвојуваат и Нани и Бернардо Силва, кои имале по шест додавања по кои првиот европски стрелец постигнал гол, пет асистенции имал од Деко, четири од Жоао Марио, три од Луис Фиго итн., пишува Европската фудбалска унија (УЕФА).
Според податоците што ги објави УЕФА, Роналдо во текот на еден меч најефикасен е од 56-та минута до крајот на средбата, кога постигнал повеќе од половина од головите за Португалија, вкупно 52. Роналдо повеќе голови постигнал во вторите полувремиња, 60, а овие податоци се слични со тие за Лигата на шампионите (58 гола во прво полувреме, 72 во второ).

Тој за Португалија по 76-та минута бил стрелец на речиси една третина од сите свои голови, рамно 30, а на истекот на мечевите, по 86-та минута забележал 12 погодока. Роналдо досега одигра 15 меча со најсилните пет европски селекции, и тоа пет пати со Шпанија, по трипати со Франција и со Германија, по двапати Англија и со Италија, но постигна голови само против Шпанија, познатиот хет-трик (три гола) на Светското првенство во 2018 година, пишува УЕФА. Од другите селекции Роналдо постигнал еден гол против Аргентина, четири против Холандија, три против Данска…