Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси наведе дека на неговата репрезентација многу малку ѝ недостасува да биде на нивото на Франција, Германија, Бразил и Шпанија.
Меси со Барселона ги има освоено сите титули, но според познавачите на фудбалот му недостига трофејот од Светското првенство за да биде сметан за најдобар фудбалер во светот.
– Не сметам дека сум најдобар, туку само еден од фудбалерите. Кога ќе почне играта сите сме еднакви на теренот – истакна Меси.
Пред четири години Аргентина играше во финалето на Светското првенство, но беше поразена од Германија.
– Мораме да бидеме посилни како тим за да победуваме, и за да бидеме на нивото на Франција, Германија, Бразил и Шпанија. Имаме добра екипа и Аргентина секогаш била меѓу кандидатите за трофејот – нагласи аргентинскиот фудбалер.
Аргентина на Светското првенство во Русија игра во група со Исланд, Хрватска и Нигерија.