Лука Ромеро

ФУДБАЛ

Фудбалерот на шпанска Мајорка, Лука Ромеро, стана најмладиот дебитант во историјата на најсилната лига на таа земја. На дуелот помеѓу Мајорка и Реал Мадрид (31. коло), Ромеро влезе во игра во 83-та минута со што стана и рекордер со својата возраст, оти настапи со 15 години и 219 дена. Со тоа го сруши рекордот стар 81-година. Претходно, најмлад играч што заиграл во Примера-лигата бил Бао Родригез, кој за Селта заиграл со 15 години и 255 дена.

Ромеро е роден на 18 ноември 2004 година во Дуранго Сити, Мексико, но игра за репрезентацијата на Аргентина. Кога имал три години се преселил во Шпанија, а до 2015 година играл за екипата на Сан Џорди од Ибица. Потоа се сели во Мајорка. За четири години тој постигнал 230 гола на 108 натпревари во тој клуб, па токму затоа и го нарекле „мексикански Меси“. Потекнува од спортско семејство, оти и татко му Диего бил професионален фудбалер, а неговиот брат близнак Тобијас е фудбалски голман.

Ромеро играше за Аргентина за селекцијата до 15 години, а беше поканет и во селекцијата до 17 години, но поради пандемијата на коронавирусот, откажано е неговото деби.