Вкупно 13 од 22 досегашни европски прваци ќе играат во новата сезона од фудбалската Лига на шампионите (ЛШ). Меѓу 32-та клуба во групната фаза се и четири некогашни финалисти во ЛШ, седум други екипи со трофеј од Лига Европа (порано Куп на УЕФА) и уште два клуба со победа во некогашниот Куп на победниците на куповите (КПК). Вкупно 22 клуба со трофеи и уште два барем со финале во ЛШ. Групите Б и Е се издвојуваат бидејќи во нив ќе се натпреваруваат по три поранешни континентални прваци. Можеби како најтешка се издвојува групата Ц, во која се петкратниот првак и лански финалист Ливерпул, потоа ПСЖ со ѕвездите Килијан Мбапе, Нејмар и Единсон Кавани, како Наполи на трофејниот тренер Карло Анчелоти и некогашниот првак, сега дебитант, во групната фаза на ЛШ, Црвена звезда.


ГРУПА А: Борусија Д., Атлетико М., Монако, Бриж

ГРУПА Б: Барселона, Интер, ПСВ Ајндховен, Тотенхем

ГРУПА Ц: Ливерпул, Ц. звезда, ПСЖ, Наполи

ГРУПА Д: Порто, Локомотив М., Шалке, Галатасарај

ГРУПА Е: Баерн, Ајакс, Бенфика, АЕК

ГРУПА Ф: Манчестер с., Шахтер, Лион, Хофенхајм

ГРУПА Г: Реал Мадрид, Рома, ЦСКА М., Плзен

ГРУПА Х: Манчестер ј., Јувентус, Валенсија, Јанг Бојс