Репрезентацијата на Косово синоќа во Приштина ја забележа првата победа на еден официјален натпревар во организација на УЕФА. Косово ги победи Фарски Острови со 2:0 во Д-дивизијата Група-1 од Лигата на нации.
Воедно ова беше прв натпревар што репрезентацијата на Косово го играше на домашен терен. Претходно ова селекција кога беше домаќин настапуваше во Албанија, бидејќи стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина не ги исполнуваше стандардите пропишани од Европската фудбалска федерација.