Нов тренер на Дерби Каунти стана поранешен англиски репрезентативец и фудбалер на Челзи, Френк Лампард.
Двете страни се согласија на договор со важност од три години.
Лампард(39) ја заврши својата кариера во февруари 2017 година и оттогаш работи како стручен телевизиски коментатор.
Дерби минатата сезона се рангираше на шесто место во Чемпионшип и не успеа да избори пласман во елитната Премиер лига.