Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Ромелу Лукаку се придружи на своите соиграчи Пол Погба и Алексис Санчез во незадоволството кон менаџерот на тимот, Жозе Мурињо, пишува „Сан“.
Според изданието, белгискиот репрезентативец е незадоволен од последните натпревари, во кои го загуби местото во стартниот состав и сè почесто останува на резервната клупа.
Дваесет и пет-годишниот играч, кој пристигна на „Олд Трафорд“ за сума од 75 милиони фунти минатото лето, тешко ќе биде продаден во јануари поради долгорочниот договор, кој истекува во 2022 година. Негов агент сепак е Мино Раиола, кој го претставува и Погба, кој постојано е поврзуван за излезен трансфер.