Шпанскиот фудбалер за врска на Реал Мадрид, Иско, повторно не се избори за место во тимот кој ќе се соочи со Валјадолид, во вечерашниот меч од 27-то коло на шпанската Примера (од 20.45 часот).
„Кралевите“ имаа лоша недела, откако беа елиминирани од Купот на Шпанија и од Лигата на шампионите, а заостанаа и во трката за шампионската титула во националниот шампионат. Во натпреварите со Барселона и со Ајакс, Иско одигра само 14 минути како резерва.
Иско ретко добива прилика о првиот состав, а од неодамна останува се почесто останува и надвор од тимот, откако Сантијаго Солари ја презема тренерската позиција.
– За да игра, прво мора да биде во форма – рече Солари на прес-конференцијата пред мечот на „Хозе Сорија“.