Турскиот премиер, Реџеп Тајип Ердоган побара од УЕФА да биде објективна во пресрет на објавувањето на домаќинот на Евро 2024. 
 
Турција и Германија се земјите, меѓу кои биде одреден победникот. 
 
Уште пред неколку дена, од УЕФА најавија дека Германија е фаворит да го организира првенството не само поради самите услови, но и бидејќи Турција има сериозен проблем со почитувањето на човековите права.
 
Ердоган, пак, одбива да ги прифати сигналите од Нион. 
 
– Ги исполнуваме сите барања. Очекуваме УЕФА да направи фер избор. Во речиси сите поголеми градови имаме изградено многу стадиони и спортски комплекси, од кои некои ги нема никаде на друго место во Европа. Ако УЕФА направи непристрасна оценка, тие не можат да не го забележат овој факт-рече Ердоган.
 
Како уште еден голем проблем пред Турција од Нион  ја посочија сегашната забрана за рекламирање алкохолни производи. 
 
– Постојат услови за потенцијален конфликт на интереси, ако, на пример, е склучен договор со компанија за пиво – велат УЕФА.
 
Победникот ќе биде објавен утре.