Дуелот на италијанските Џенова и Наполи за кои настапуваат македонските фудбалски интернационалци Горан Пандев и Елиф Елмас заврши со победа на гостите од 2-1.
Играчот за врска на Наполи Фабијан Руиз го отвори резултатот 39-та минута, пред Горан Пандев да постигне убав гол во 54-та минута, кој сепак беше поништен поради претходен сомнителен фаул над голманот на Наполи Алекс Мерет. Младиот напаѓач на Џенова Андреа Камбијасо потоа израмни во 69-та минута, за Андреа Петања во 84-та минута да им донесе триумф на гостите.
Ова е втор пораз за Џенова во првите две кола од Серија А, додека Наполи има две победи. Во вториот попладневен меч во Италија, Сампдорија и Сасуоло одиграа реми без голови.