Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста, е принуден да оди на операција, информира шпанскиот фудбалски клуб преку својата веб-страница.
Оперативниот зафат ќе биде извршен во Бразил под надзор на медицински персонал од Атлетико.
Диого Коста се здоби со повреда на левата нога за време на тренингот на неговиот тим. Тој одигра 15 натпревари за Атлетико сезонава, на кои постигна четири гола, а забележа и две асистенции.