Ајакс е на чекор до првото финале во фудбалската Лига на шампионите (ЛШ) по 23-годишна пауза по триумфот против Тотенхем на првиот меч во Лондон (1-0), но таа предност не е надоместлива и не мора ништо да значи, пред реваншот утре во Амстердам.
Младиот и полетен тим Ајакс е „хитот“ на сезоната во ЛШ, но предупредувачки за нив е што не забележаа победа на последните три домашни меча во ЛШ. Од друга страна, ветувачки за нив е тоа што само еден од 17-те тима што биле поразени во првиот полуфинален меч во ЛШ (и тоа Ајакс во 1995/1996) успеал да се пласира во финалето.
Тотенхем е единствениот од четирите полуфиналисти сезонава што не бил првак на Европа, ниту, пак, играл во финале. Во првото полуфинале во клупската историја Тотенхем беше елиминиран од Бенфика, во сезоната 1961/1962.
Последната победа на гости во сите конкуренции сезонава Тотенхем ја забележа на гости против Борусија Дортмунд (1-0) во реваншот од осминафиналниот меч на 5 март. Потоа ги загуби наредните девет натпревари во сите конкуренции.