Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, трансферот на Роналдо го оцени како многу значаен настан и за клубот и за фудбалот во Италија.
– Неговото доаѓање е многу важно и е чекор напред за целиот клуб. Тој е многу значаен за нас, исто како и сите други играчи, бидејќи ние имаме одредени цели кои сакаме да ги постигнеме. Знам дека Роналдо е многу среќен, тој е одличен професионалец. Неговиот престој во Јувентус значи многу и за италијанскиот фудбал – изјави Алегри.
Португалецот вчера потпиша четиригодишен договор со клубот од Торино.
Роналдо(33) прејде во Јувентус од Реал Мадрид за кого играше од 2009 година.