Сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис е познат во светот на фудбалот како човек кој нема „влакна на јазикот“.
Тој го прокоментира трансферот на Хари Мегваер од Лестер во Манчестер јунајтед и фактот дека Англичанецот стана најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.
– Проблемот со превисоките трошоци за играчите е направен во Англија затоа што таму има многу пари, повеќе за разлика од Шпанија, Италија, Германија и Франција. Ако клуб во Англија има 800 милиони евра на располагање, не му е проблем да плати 80, 90, 100 милиони евра за еден играч – вели Де Лаурентис.
Тој направи споредба на Мегваер со дефанзивецот во неговиот Наполи, Сенегалецот Калиду Кулибали.
– Кулибали има клаузула од 150 милиони евра. Во Англија може да потрошат 93 милиони за фудбалер кој јас би го купил максимум за 35 милиони евра. Ако Мегваер чини толку, играч како Кулибали вреди барем 250 милиони евра – заклучи сопственикот на Наполи.