Фото: РФМ

Македонската машка ракометна репрезентација со победа го заврши настапот во групната фаза на Европското првенство што се игра во Данска, Норвешка и Шведска, откако ја совлада Романија со 24-23 (13-9) пред 10.000 публика.

Ова беше прва победа за „црвено-жолтите“ на шампионатот, кои собраа три бода во групната фаза, со кои дефинитивно ќе бидат во пол-позиција пред ждрепката за Светското првенство 2027 година.

Македонските ракометари во текот на целиот натпревар беа во резултатска предност која на полувремето изнесуваше плус четири голови, а во неколку наврати достигнуваше и највисоки плус пет. Сепак, темпото во играта на македонската репрезентација падна во завршните 15 минути. Наместо да ја искористат предноста во квалитет, нашите ракометари дозволија да се случи драма во финишот. Костески беше херој на мечот кој со гол во последната секунда и донесе победа на Македонија.

Фото: РФМ
Фото: РФМ
Фото: РФМ
Фото: РФМ
Фото: РФМ
Фото: РФМ

Капитенот Кузмановски со девет голови беше најефикасен во македонските редови, а голманот Мартин Томовски запиша пет интервенции на голот.

Со освојувањето на третото во групата Б и освоените три бода, македонската репрезентација ќе се квалификува од 12-16 место.