Фото: ЕПА

Фудбалерот на лондонски Челзи и на украинската репрезентација Михајло Мудрик падна на допинг тестот, пишува украинската Трибуна, која ексклузивно ја пренесува оваа информација. Според споменатиот извор, Мудрик бил тестиран на крајот на октомври и тој тест се покажал позитивен. Не се знае за каква супстанца се работи, но наводно е земен уште еден примерок и ќе се испитува во наредните денови.

Како што сега стојат работите, ѕвездата на Украина и на Челзи се соочува со сериозни обвиненија и се соочува со казна од четири години доколку тестот се покаже точен.

Мудрик му се приклучи на Челзи од Шахтјор во зимата 2023 година за 70 милиони евра, а оттогаш забележа 70 настапи за лондонскиот клуб, постигнувајќи 10 голови и девет асистенции.