Шведскиот атлетичар Арманд Дупалнтис 11. пат во кариерата го урна светскиот рекорд во скок со стап.
Минатата година трипати ја проби границата, последен пат ја постави во Хорзов, Полска, каде прескокна 6,26 метри.
Швеѓанецот започна со рекорди во 2020 година во Торун (6,17 метри), двапати ги собори во Белград во 2022 година и оттогаш ги поместува границите неколку пати секоја сезона.
Станува збор за човек кој двапати бил олимписки и светски шампион, три пати европски првак, со бројни победи во сала и митинзите во Дијамантската лига.