Фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Во организација на Одбојкарската федерација на Македонија денеска и утре во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје ќе се одржат завршните фајнал фор турнири за младинци и младинки.

Најдобрите осум екипи, по четири во секоја конкуренција, ќе се борат за шампионските титули во машка и женска конкуренција.

Денешниот натпреварувачки ден ќе започне во 11 часот со првиот полуфиналниот дуел во женска конкуренција меѓу Јанта Волеј КВ и Работнички Скопје.
Во вториот полуфинален меч кај девојките од 13.30 часот играат Газели Волеј и Наковски Волеј.

Во последен натпревар од 16 часот ќе се игра мечот за трето место во машка конкуренција меѓу екипите на Весна Пробиштип и Работнички 71&22.

Утре натпреварите започнуваат од 11 часот со дуелот за трето место во женска конкуренција, меѓу поразените екипи од полуфиналните дуели, а потоа од 13.30 часот ќе се игра женското финале.
Во 16 часот на програмата е финалето кај младинците, во кое Струмица 47&72 и Борец ќе играат за титулата.

Медиумскиот партнер на Одбојкарската федерација на Македонија, е Македонската радиотелевизија, која ќе врши директен телевизиски пренос на сите натпревари од завршниот турнир во младинска конкуренција.

Вратите во Спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе бидат широко отворени за сите кои ќе сакаат викендов да им дадат поддршка на одбојкарските надежи.

Ф4 ТУРНИР МЛАДИНЦИ И МЛАДИНКИ
САБОТА, 03.05.2025
ПОЛУФИНАЛЕ МЛАДИНКИ
Јанта Волеј КВ – Работнички Скопје 11 ч.
Газели Волеј – Наковски Воле 13.30ч.
МЕЧ ЗА 3. МЕСТО МЛАДИНЦИ
Весна Пробиштип – Работнички 71&22 16 ч.

НЕДЕЛА, 04.05.2025
МЕЧ ЗА 3. МЕСТО МЛАДИНКИ 11 ч.
ФИНАЛЕ МЛАДИНКИ 13.30ч.
ФИНАЛЕ МЛАДИНЦИ.
Струмица 47&72 – ГОК Борец 16 ч.