Австралиската тенисерка Ешли Барти ја освои титулата на Австралија опен. Таа за 89 минути ја победи Американката Даниел Колинс со 6-3, 7-6 (7-2) во сетови.
За Барти ова е третата гренд слем титула во кариерата, претходно славеше на Ролан Гарос во 2019 и Вимблдон во 2021 година.
Ова е прва титула на домашна тенисерка на АО, по пауза од 44 години.
Во конкуренција на мешани двојки, вчера на турнирот во Мелбурн триумфираа Французинката Кристина Младеновиќ и Хрватот Иван Додиг, над домашната двојка Џејми Фоурлис и Џејсон Кублер со 6-3 и 6-4 во сетови.
Во утрешното машко финале на АО ќе се стренат Русинот Данил Медведев и Шпанецот Рафаел Надал.