Во пресрет на завршниот турнир во Лигата на шампионите, кој викендов ќе се одржи во „Ланксес Арената“ во Келн, Европската ракометна федерација (ЕХФ) го одреди најдобриот тим на сезоната.
Со по два претставници фигурираат Kил, Барселона и Веспрем, по еден претставник имаат Флензбург, ПСЖ и Елверум, а за најдобар тренер е избран Талант Душебаев од Киелце.
Највпечатливи имиња се голманот на Кил, Никлас Ландин и десното крило на Барселона Алекс Гомес кои трет пат во низа се наоѓаат во најдобрите во ЛШ. Голманот Ландин беше број еден и во претходните две сезони, додека десното крило Гомеш беше избран лани, додека претходно го понесе признаето за најквалтетен млад играч.
Остатокот од тимот го сочинуваат левото крило на Флензбург Хампус Ване, левиот бек на Веспрем Петар Ненадиќ, неговиот клубски колега, централниот бек, Кентин Мае, десниот бек на Барселона, Дика Мем и пикерот на ПСЖ, Камил Шипшак.
Епитетот најдобар дефанзивец го понесе Хенрик Пекелер од Кил, а за најдобар млад играч е прогласен Тобајас Грендал од Елверум.
Утре во првото полуфинале во 15.15 часот ќе се сретнат Веспрем и Киелце, додека пак од 18 часот се игра европското класико меѓу Кил и Барселона.