Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски беше елиминиран во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот во Нови Сад, Србија.
Тој со 2:1 во сетови претрпе пораз од турскиот тенисер Ерги Киркин.
Иако Јотовски го доби првиот сет со 6:4, другите два ги освои Киркин со 5:7 и 3:6.
Турнирот во Нови Сад е со награден фонд од 15.000 долари.