КОШАРКА – НБА

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, во победата над Хјустон рокетс, со 124-111, во натпревар од кошаркарската НБА-лига, постави рекорд на кариерата со 18 асистенции и стана првиот центар со 18 асистенции на еден меч по Вилт Чембрлен во 1968 година.
На тој меч Јокиќ имаше и 19 поени и 12 скока, што е негов 43-ти т.н. трипл-дабл (двоцифрен ефект во три статистички категории) во кариерата. Тоа беше првата победа сезонава за Денвер.
Во Источната конференција до синоќа водеа со по три победи и без пораз екипите на Орландо, Кливленд, Индијана и на Атланта, а во Западната конференција осум тима имаа по две победи и еден пораз.