Британскиот боксер Тајсон Фјури (30), кој во Лас Вегас се подготвува за двобојот против Германецот Том Швартц, тврди дека неговиот сонародник Ентони Џошуа по поразот од Енди Руиз Јуниор го заврши боксерското владеење.
-Кога човек не сака да биде во рингот, тогаш така секогаш ќе се однесува, а од тоа тешко ќе закрепне. Таа вечер тоа го стори и не верувам дека може да се врати. Кога влезе во рингот, видов дека не сака да е таму. Џошуа може да тренира повеќе од кој било, веројатно е во состојба да ја истроши траката за трчање и да го расипе кој било мерач на отчукувањето на срцето, може да ја истепа која било боксерска вреќа, но сето тоа е неважно. Боксот не е нуклеарна физика. Ако знаеш да се бориш, знаеш, ако не, изгубен си- вели Фјури за Би-би-си.
Британецот во 2015 година на сличен начин како Руиз го шокира боксерскиот свет кога во борбата со Владимир Кличко дојде до титулата светски првак иако изгледаше тромаво во однос на Украинецот.
-Моето чувство е дека двајцата најдобро подготвени борци во последните 20 години се Џошуа и Кличко, а двајцата загубија од двајца дебели боксери-смета Фјури.
Тој во кариерата има 27 победи и еден неодлучен меч, оној против Деонтиј Валјдлер.