Одбојкарската репрезентација на Македонија загуби од Финска со 1-3 (23-25, 22-25, 25-23, 21-25) во првиот меч на Европското првенство (ЕП), во групата Ц во Љубљана, Словенија.
Македонските одбојкари одиграа добар натпревар, беа рамноправни, но во решавачките моменти, посебно во финишот од сетовите, непотребно грешеа, падна и концентрацијата, што резултираше со пораз. Мала утеха за Македонија може да биде првиот освоен сет на деби настапот на финален турнир на ЕП.
Македонија која е првата репрезентација, дебитант на ЕП по Естонија во 2009-та, утре (17.30 часот), во вториот меч на ЕП, се среќава со Турција која беше поразена од фаворитот Русија со 1-3 (13-25, 25-23, 17-25, 15-25).