Швајцарецот Роже Федерер загуби од Австралиецот Џон Милман, во осминафиналето на тенискиот гранслем-турнир САД опен, со 3-6, 7-5, 7-6, 7-6, за малку повеќе од три и пол часа игра. Мечот завршил во еден часот по полноќ.
Федерер се жалеше на жешкото и влажно време за време на дуелот. За Швајцарецот тоа е прв пораз на турнирот САД опен од тенисер што не е меѓу 50-те најдобри на светската АТП-листа (Милман во моментов е 55-ти). За Австралиецот, пак, триумфот над Федерер беше прв над еден тенисер од најдобрите десет на светот.
Милман, кој во своето прво четврт-финале на гранслем-турнир треба да се сретне со Србинот Новак Ѓоковиќ, е единствениот што не е носител меѓу осумте најдобри годинава на САД опен.
Четврт-финале: Рафаел Надал (прв носител) – Доминик Тим (9), Хуан дел Потро (3) – Џон Иснер (11), Марин Чилиќ (7) – Кеи Нишикори (21), Новак Ѓоковиќ (6) – Џон Милман.