Боксерската легенда Мајк Тајсон предизвика контроверзи на промотивната турнеја низ Полска, откако изјави дека на Полјаците „не им се случило никакво ср.ње“ во споредба на дискриминацијата низ која поминале Афроамериканците во САД.
52-годишниот поранешен апсолутен шампион во тешка категорија беше во Варшава како дел од промоцијата на енергетскиот пијалок „Блек енерџи“. Планот беше спонзорот да го однесе Тајсон на посета на историски места посветени на востанието во Варшава против нацистите во 1944 и локации поврзани со холокаустот.
Одговарајќи на критиките на полските активисти дека компанијата бесрамно ја користи историјата на Втората светска војна, Тајсон ги спореди полските трагедии со тие на црните Американци.
-На вас Полјаците не ви се случи никакво срање во споредба со тоа што се случуваше со црните луѓе во Америка. Никој не ве држеше како робови 250 ебани години. И не ви ја силуваше мајката, сестрата и братот пред тебе пред да ги убијат. Тоа што ви се случи беше навистина лошо, но никој не е повеќе прогонуван од црните луѓе- изјави Тајсон.
„Kto wie więcej o prześladowaniach niż ciemnoskórzy?” – tak Mike Tyson odpowiada na zarzuty, że nie powinien brać udziału w filmie o powstaniu warszawskim. Wkrótce na portalu https://t.co/4oYRjx3w5F cały wywiad z amerykańskim bokserem#wieszwięcej pic.twitter.com/DR16xOOyzD
— portal tvp.info ?? (@tvp_info) 26 June 2019