Македонскиот велемајстор (ВМ) за шаховски композиции Зоран Гавриловски, на 9. Светски куп (СК) на Светската шаховска федерација (ФИДЕ) 2021 за составување шаховски композиции, постигна голем успех со освојувањето сребрен медал во групата матови во два потега. Гавриловски, покрај среброто, освои и две четврти места во групите матови во три потези и во четири и повеќе потези.
Резултатите од 9. СК на ФИДЕ се објавени на веб-страницата на ФИДЕ (https://www.fide.com/news/1345) и на веб-страницата на Светската федерација за шаховски композиции (www.wfcc.ch), на чиј 63. Конгрес во октомври 2021 година во Родос (Грција) ќе им бидат врачени медалите на најуспешните за 9. СК 2021, но и за 8. СК 2020, кога Гавриловски освои два бронзени медала (нему претходно му беа дадени бронзен медал за 3. СК 2013 и златен медал за 4. СК 2015, н.з.).
Најуспешни на 9. СК 2021 се шаховските композитори од Русија со пет златни, четири сребрени и еден бронзен медал, пред Украина со еден златен, два сребрени и еден бронзен медал. Најдобар учесник во 9. СК 2021 е рускиот ВМ за шаховски композиции Евгениј Фомичев со два златни медала. На СК на ФИДЕ 2021 учествуваше и македонскиот ФИДЕ-мајстор Бошко Милошески.
Г.И.
Mат во два потега
Обиди: 1.Дб7? Сф4!; 1.Тх5? С:д3!; 1.Л:а6? Т:ц5!: 1.Лб5? К:ц5!.
Решение: 1.Лд5! (2.Д:ц3 мат), 1…Т:ц5 2.Лф6 мат, 1…К:ц5 2.Дб4 мат, 1…С:а4, Сд1, Сц4 2.Д( : )ц4 мат, 1…Лц3~ 2.Лф6 мат.