Со пораката „Сакај ги животните“, РК Металург го промовира сезонскиот календар, од септември 2019 до септември 2020 год.
Со сезонскиот календар, Управата на РК Металург, стручниот штаб и ракометарите, заедно со сопственикот на клубот, сакаат да ја подигнат свеста, кај своите навивачи и симпатизери и кај сите граѓани со сите сили да ги почитуваат и да им помагаат на животните.
Инспирацијата за овој календар РК Металург ја пронајде во својата долгогодишна традиција да им помага на животните и со својот спортски, натпреварувачки дух да се бори за победа на определбата за суштински и квалитативно унапредување на благосостојбата на животните.
Новата сезона е нов спортски предизвик за младите ракометари на Металург за нови повисоки спортски достигнувања, но и стремеж да се постигне и ново ниво на заложба и јавна борба против секаков вид злоупотреба и искористување на животните.
Пријателите на животните се и наши пријатели. Затоа, ги повикуваме сите што имаат иста визија и мисија, сопствениците на домашни миленичиња, заедно со своите миленичиња да го подигнат својот глас и силно да одекне нашата порака „Сакајте ги животните“! Токму тие нека ни бидат новите најгласни членови на нашата навивачка група.
За победа!