Машката одбојкарската репрезентација на Македонија ја оствари првата победа на Европското првенство во Словенија, откако вечерва ја совлада Белорусија со 3-1 (23:25, 25:19, 29:27, 25:20), во меч од четвртото коло во групата Ц.
За Македонија ова е дебитантски настап на континенталните првенства и прва победа.
Црвено-жолтите сега имаат три бода и утревечер на мечот со Словенија ќе играат за пласман во осминафиналето на ЕП 2019.