О’Саливен ја освои 35-та титула

Рони О’Саливен (43) ја забележа 1.000-та победа во кариерата со над 100 поени во една партија и триумфира со 10-4 во финалето на првенството во снукер против Нил Робертсон, викендов во Престон (Велика Британија). Петкратниот светски првак во финалето заигра за трофејот, но и за уште три победи со „стотки“ за прв да стигне до рекордната илјадарка.

Стивен Хендри (775) и Џон Хигинс (745) се единствените други што имаат повеќе од 700 вакви победи во снукер. Тоа беше 35-та титула за О’Саливен, популарно наречен Ракета, кој првпат освои трофеј во 1993 година.

Победата со над сто поени е ретко достигнување во снукерот, а се изведува со едно приоѓање на масата, освојување најмалку 100 поени, без ниту едно промашување и со уфрлени барем 25 топки едноподруго.


ИГРАЧИ СО НАЈМНОГУ „СТОТКИ“
Рони О’Саливен (Англија) 1.000
Стивен Хендри (Шкотска) 775
Џон Хигинс (Шкотска) 745
Нил Робертсон (Австралија) 621
Џад Трамп (Англија) 596