Министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, изјави дека Русија му одобрила влез на новинарот што направи документарен филм за наводниот допинг во руската атлетика, поништувајќи ја на тој начин минатонеделната одлука, која ги вознемири германските челници.
Хајо Зепелт сепак ќе мора да се соочи со испитување ако отиде на Светското првенство (СП) во фудбал, пренесуваат руските официјални лица.
Германската телевизија АРД минатата недела соопшти дека визата на Зепелт е прогласена за неважечка, бидејќи е на списокот на лица што се персона нон грата во Русија.
Многуте официјални лица, меѓу кои и министерот за надворешни работи на Германија, јавно ја повикаа Русија да ја преиспита таа своја одлука.
– Руската страна сепак нѐ информира дека Зепелт може да влезе во Русија барем за СП – истакнува Мас.
Зепелт и телевизијата АРД опширно известуваа за наводното системско допингување во руската атлетика.