Кирил Георгиев

Македонската машка и македонската женска шаховска репрезентација денеска по голема борба се минимално поразени со 1,5-2,5 во 2-то коло на 43-та Шаховска олимпијада (ШО), која се одржува во Батуми, Грузија во 11 натпреварувачки кола.

Мажите, кои овде се рангирани 43-ти (2.514 просечен рејтинг), од 185 селекции по вчерашната победа, загубија од селекцијата на Молдавија (просечен рејтинг од 2.564 поени, рангирана 30-та), а жените исто така по вчерашната убедлива победа, од квалитетната репрезентација на Унгарија (2.344, рангирана 13-та).

Цел поен и вредна победа за шахистите оствари само искусниот ВМ Кирил Георгиев, додека ВМ Трајко Недев ремизираше на четвртата тбла. Кај шахистките победи само ЖФМ Моника Стојковска на втората табла, додека ЖИМ Габриела Коскоска го подели поенот на третата табла.

МОЛДАВИЈА – МАКЕДОНИЈА 2,5 – 1,5

ВМ Бологан (2.580) – ВМ К. Георгиев (2.590) 0-1

ВМ Хамитевиќи (2.505) – В. Георгиев (2.479) 1-0

ВМ Светушкин (2.580) – ИМ Панчевски (2.489) 1-0

ВМ Морозов (2.452) – ВМ Недев (2.496) ремизира

УНГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА 2,5 – 1,5

ВМ Хоанг (2.423) – Бејатовиќ (2.057) 1-0

ЖВМ Гара (2.321) – ЖФМ Стојковска (2.106) 0-1

ЖВМ Лакос (2.258) – ЖИМ Коскоска (2.026) реми

ЖФМ Тербе (2.260) – Петровска (1.966) 1-0

Г.И.