Каратистите на Металург

Карате-клубот Металург во машка и Макпетрол во женска конкуренција се екипни карате-шампиони на Македонија во борби. Во изведбата, пак, на кати, најуспешен е Гладијатор од Велес (мажи) и Бонсаи од Прилеп (жени).

Ова е епилогот по екипното и поединечно Државно првенство на Македонија, кое се одржа во Скопје, во конкуренција на 82 каратисти. Вчера, пак, беа плејоф-дуелите (најдобрите четворица од секоја категорија на првенството), кои решаваа кои репрезентативци ќе ги бранат боите на Македонија на Европското првенство (ЕП) за сениори во март во Гвадалахара, Шпанија.


Поединечни прваци
Кати (жени) Пуликсенија Јованоска (Ф. Гичин)
Кати (мажи) Фери Исиќ (Вардар)
до 50 кг Драгана Манговска (Металург)
до 55 кг Јована Георгиева (Олипмик спорт)
до 61 кг Наташа Стефановска (Макпетрол)
до 68 кг Ангела Мојсовска (Макпетрол)
до 60 кг Емил Павлов (Штип)
до 67 кг Давид Петков (Макпетрол)
до 75 кг Азиз Исмаил (Металург)
до 84 кг Петар Спасеновски (Макпетрол)
над 84 кг Жарко Арсовски (Штип)

Екипни прваци
Кати (мажи) Гладијатор
Кати (жени) Бонсаи
Борби (мажи) Металург
Борби (жени) Макпетрол