Фото: Емил Јовановиќ

Сите четирите македонски екипи забележаа победи во 4-то коло на 36. Европски клупски куп (ЕКК) во шах, што во седум натпреварувачки кола се игра во х. „Изграв“ во Струга. Така два бода освоија, Алкалоид (прворангиран тука), кој убедливо со 5,5-0,5 го совлада словенечки Марибор (рангиран 15-ти), ремизираше единствено на првата табла Сем Шакланд (2.720) против ИМ Борис Маркоја (2.453), а цел поен оствари и македонскиот репрезентативец, ИМ Филип Панчевски. Гамбит Асеко СЕЕ (16), славеше со 3,5-2,5, против исландски Рејкјавик (22-ри), а цел поен впишаа ВМ Владислав Неведничи, АФМ Антон Златков и ФМ Љубиша Андоновски. Нова победа оствари и Прилеп (17) во мечот со француски Ансие (19) со 3,5-2,5, благодарејќи на победата на ИМ Стефан Тадиќ на четвртата табла. Гостивар (31), ја оствари првата победа на ЕКК совладувајќи го со 3,5-2,5 исландски Викинг (24), благодарение на победите на ФМ Оливер Органџиев и Михајло Миљковиќ.

Актуелниот светски првак, Норвежанецот Магнус Карлсен (прворангиран во светот со 2,855 поени), го предводеше норвешкиот тим (рангиран 18-ти) до нова убедлива победа од 5-1 против шпанскиот клуб Андреу Патерна (22). Карлсен ја оствари и втората победа (34-ти потег) откако дојде во Струга по 2-то коло и моментно неговиот клуб е на девето место со шест бода. Дербито на првата табла меѓу руските екипи Медни Всадник (2) и КПРФ (4), му припадна на првиот, кој славеше со 4,5-1,5 поени, а значајна победа оствари и чешки Нови Бор (3) против израелски Бер Шева (7) со 4-2. Шпанска Валенсија (5) и азербејџански Вугар Гашимов (9) одиграа 3-3.

По 4-то коло во водство со по максимални осум бода се Медни Всадник и Нови Бор, а трета е Валенсија со седум. Следат девет екипи со по шест поени, а ги предводи Алкалоид кој е четврти, Прилеп е осми, Гамбит Асеко СЕЕ 11-ти, сите со по шест екипни бода, но со послаб дополнителен критериум. Гостивар со два бода е на 32-то место, од вкупно 38 машки екипи.
 
Кај шахистките, кои играат во х. „Дрим“, сите четири македонските екипи доживеаја порази. Алкаоид (рангиран 4-ти), минимално загуби од австриски Баден (6) со 2,5-1,5, МШК Центар од руски Урал (3) со 0-4 и Куманово (8) со максимални 0-4 од украински ГРЕКО (2). Монте Карло (1) со 3,5-0,5 го совлада словенечки Тајфун (7). На табелата по четвртото коло води Јужен Урал со максимални осум бода поени, пред Греко со седум Монте Карло има пет, Баден четири, Алкалоид и Куманово останаа на три, додека Куманово и Тајфун по два, а МШК Центар е последен, осми, без екипен освоен бод.

На ЕКК, во машка конкуренција играат 38 клуба, со 277 шахисти, од нив 85 велемајстори (ВМ), а во женска конкуренција осум клуба со 40 шахистки (седум ВМ). Ова е третпат како се одржува ЕКК во Македонија, по Охрид во 2009 и Скопје во 2015 година. Новите клупски шампиони ќе бидат познати по седмото коло.
 
Г.И.