Македонските репрезентативци, членови на кајак-кану клубот „Арка-Борец“ од Велес, успешно ги завршија настапите на Европските купови (ЕК) во спуст годинава. Александар Златаров го освои првото место во генерален пласман, зад него, на второто место е Љубомир Спасиќ, а на третото Енис Небиовски.
На завршниот натпревар на ЕК во Осилноца, Словенија, Златаров беше втор, Спасиќ трет, а Небиовски шести. Претходно тие имаа успешни настапи и пласани во финалињата на натпреварите во Италија и во Чешка.
Со настапот на финалето од европските купови во Словенија заврши годинашната
меѓународна сезона за македонските кајакари, односно им им преостанува уште настапот на државното првенство.