Кениецот Елиуд Кипчоге го собори светскиот рекорд во маратон на атлетската трка во Берлин, вчера, со време од 2:01,39 часа. Неговиот сонародник Денис Кимето досега го држеше рекордот поставен во 2014 година од 2:02,57 часа, исто така, на маратон во Берлин.
– Беше тешко, имав своја трка, им верував на моите тренери и на мојата програма. Тоа ме поведе во завршните километри – рече Кипчонге, кој завршните 17 км ги трчаше без т.н. пејсмејкер (тркач што одредува темпо).