Германската тенисерка Анџелик Кербер е победничка на годинашното издание на Грен слемот Вимблдон. Таа денес во финалето ја совалда Серена Вилијамс од САД со 2-0, во двата сета беше 6:3.
Мечот траеше 1 час и 7 минути.
За 30-годишната Германка ова е трет трофеј од Грен слем турнирите и прв на Отвореното првенство на Велика Британија.
Претходно ги има освоено Австралија Опен и УС Опен.
Наградниот фонд на Вимблдон годинава изнесува 34 милиони фунти.
Утре на програмата е машкото финале Ѓоковиќ – Андерсон.