Зинедин Зидан нема да се откаже лесно од намерата да го донесе во Реал Мадрид играчот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.
Реал преодниот рок го започна со потписите на Лука Јовиќ и Еден Азар. Овие двајца официјалната промоција ќе ја имаат денес и утре. Претходно на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна и дефанзивецот Едер Милитао од Порто.
Зидан сега има намера да го освежи редот за врска, а прв избор е неговиот сонародник Погба кој барем според она што го пренесуваат медиумите е незадоволен во Англија.
Проблем за Зидан и Реал претставува цената што ја поставија од Јунајтед. Пол Погба може да замине само за сума од 150 милиони евра. Наводно Погба се согласил да има помала плата од онаа што сега ја заработува во Манчестер Јунајтед, но обесштетувањето е голем проблем за Реал.