Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во третото коло на тенискиот Гренд слем турнир во Вимблдон, откако во продoлжението го совлада Американецот Тејлор Фриц со 3:2 во сетови.
Натпреварот меѓу Зверев и Фриц вкупно траеше три часа и 16 минути, а синоќа пред прекинот германскиот тенисер губеше со 1:2 во сетови.
Но, на денешното продолжение Зверев направи целосен пресврт и извојува победа од 3:2.
– Играв подобро од вчера… Мислам дека денеска играв на моето највисоко ниво, истакна германскиот тенисер.
Тој во третото коло ќе се соочи со Ернест Гулбис од Летонија.