Тој го освои третото место на Европското првенство до 21 година, кое се одржа во Шведска
Македонскиот таеквондист, член на ТК Бутел и репрезентативец, Филип Додевски (категорија до 87 кг), оствари извонреден успех на Европското првенство до 21 година, кое се одржа во Хелсингборг (Шведска), освојувајќи го бронзениот медал.
До него тој стигна откако убедливо ги совлада Германецот Азат Манукјан (30-13) и Хрватот Матија Ружиќ (26-6). Додевски (19) во полуфиналето загуби од норвешкиот претставник Милош Пилиповиќ. Според информациите од македонскиот табор, поразот бил резултат на повредата на прстот на раката, така што Додевски не ја успеал да ја заврши борбата.
Со овој медал Додевски повтори дел од успехот на поискусниот клупски колега Дејан Георгиевски, кој двапати се закити со бронза во младинска конкуренција, првиот пат на ЕП во Софија, Бугарија во 2017 година, а потоа на ЕП во Варшава, Полска во 2018 година. Георгиевски е сопственик и на европско сениорско злато (2017-та), кандидат за настап на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио в година и моментно е на 22-то место во светот, а на 38-то на олимписката листа за Токио.
Овој освоен медал ќе претставува поттик за нови успеси за македонските натпреварувачи во овој олимписки спорт.