На денешната прес-конференцја во Агенцијата за млади и спорт беа соопштение имињата на добитниците на државната награда „8 Септември“.
Носители на престижната Државна награда за спорт „8 Септември“ за 2019 година се:
– Томе Коцев, доајен во борењето;
– Слободан Николиќ – еден од најдобрите спортски доктори;
– Атанас Николовски – еден од најдобрите македонски кајакари;
– Кочо Димитровски – македонска фудбалска легенда;
Наградата за животно дело за исклучителен придонес за развој и афирмација на спортот во Македонија ќе ја добие Драган Стојановски, претседател на карате-федерацијата.
Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на посебна свеченост на 8 септември во 11 часот во Собранието на Република Македонија.