Легендарниот српски фудбалер, а сега тренер на Црвена звезда, Дејан Станковиќ донирал респиратори и медицинска опрема на Србија по пандемијата на коронавирусот и во исто време ги повика и другите славни спортисти да се вклучат во акцијата.
Станковиќ за „Б92“ вели дека ова се работи само за почетокот на активностите на луѓето со добра волја и дека очекува да има нови донации.
– Наша должност во овој тежок момент е да се помогне и да се даде помошта на тие на кои им е најпотребна. Не е важно колку, секој гест може да помогне да се спаси еден живот – изјави Станковиќ.