Во 15-то коло од женската ракометна супер-лига ракометарките на Куманово денеска
(13.00 ч.) на домашен терен ја совладаа екипата на ЖРК Стружанка со 32:22
(14:11) со што ја постигнаа и својата дванасетта победа сезонава.

Ракометарките на Куманово на денешниот натпревар против екипата на Стружанка ја
оправдаа улогата на фаворит на овој натпревар и очекувано убедливо и лесно
остварија уште една висока победа од 32:22. Тие во текот целиот натпревар беа
доминантни на теренот и беа во постојана резултатска предност па на крајот сосема
заслужено стигнаа до својата дванаесетта победа во оваа сезона, со која што победа во
момемнтот се зацврстија на високото второ место на табелата и, заедно со водечката
екипа на ЖРК Металург во моментот е втората екипа од лигата која што безбеди
пласман во плеј-офот.

Што се однесува пак до играта на гостинските ракометарки на екипата на Стружанка тие на денешниот натпревар пружија отпор само во првото полувреме, а во второто полувреме иницијативата им ја препуштија на домашните ракометарки кои што на крајот стигнаа до убедлива победа од +10 гола разлика(32:22).

Во домашната екипа на Куманово најефикасни ракометарки беа Александра
Боризовска, Сања Дабевска и Викторија Пеовска со по 6 голови, додека пак кај
гостинската екипа на Стружанка, Магдалена Делиоска и Бојана Јовановска истотака со
по 6 постигнати голови.

Во наредното 16-то коло од домашното првенство во женската ракометна супер лига
ракометарките на Куманово играат на гости со екипата на ЖРК Овче Поле во Свети
Николе.
Т.Д.